Нешто што изгледа големо во насловот, често излегува поинаку во текстот!

[Рецензија: За една година рејтингот на Христијан Мицкоски пет пати повисок]

Порталот „Република“ објави текст во кој се обработува анкета на „М-Проспект“ спроведена од 15 мај до 7 јуни. И во насловот, како и во воведниот дел на веста, се апостофира фактот дека на лидерот на опозицијата рејтингот му скокнал пет пати. И се појаснува – пред една година му бил само 2,3 отсто, а сега 11,7 отсто.

На овој начин, со потенцирање на политичкиот успех на еден политичар, практично се открива дека Мицкоски имал екстремно низок рејтинг лани, односно дека тој бил практично залепен „на дното“. Впрочем, само така некој и може да направи „скок“ од пет пати и тоа да се сфати за успех, иако далеку во поудобна позиција е ако некој, на пример, имал резултат од 30 отсто и рејтингот да му скокне за 5 отсто.

Наслов на текст: За една година рејтингот на Христијан Мицкоски пет пати повисок

Датум на објавување:  29 јуни 2018, 13:30

Датум на рецензирање: 3 јули 2019

Рецензент: Љубомир Костовски

Веста е намерно редуцирана, бидејќи кажува дека на прво место на табелата за тоа кому му се верува во земјава е „никој“, бидејќи така одлучиле 30 отсто од анкетираните. Намерно не се посочува дека на прво место според довербата, од конкретните политичари со име и презиме, е, сепак, лидерот на владејачката партија, Зоран Заев, со доверба од 18,3 отсто, што е податок кој мора да се посочи.

Во информацијата ги нема бројките за тоа за кого би гласале испитаниците (види ја поцелосно веста овде) ако утре се одржат избори, се чини од едноставен факт што рејтингот на партијта ВМРО-ДПМНЕ (25 отсто) е доста повисок од тој на нејзиниот лидер, што, пак, дополнително го намалува „профитот“ од скокот, како и значајниот факт дека екслидерот на партијата Никола Груевски има релативно висока доверба од 5,2 отсго, што ја покажува големината на „неговата сенка“ во политичкиот живот на државата, па и во неговата популарност меѓу членството на партијата. (Рејтингот на СДСМ според оваа анкета изнесува 23,1%).

Информацијата е затоа редуцирана и има само една цел: да се концентрира вниманието на читателот на една бројка, а да се занемарат многу од другите за посочената релација од насловот („пет пати“) да добие важност.