Месец: м.г

Привлечен наслов да, ама не по цена на вистината

Насловот е реклама за текстот, привлечен излог кој читателот треба да го погледне, кој треба да го повика читателот да го прочита текстот. Сите новинарски кодекси предупредуваат дека сè почесто таблоидите, а многу често и другите медиуми во потрага по ексклузивност не го почитуваат правилото дека насловот мора да пласира виситна и не смее да манипулира со читателите и да ги залажува

Турли-тава од фашизам, јакобизам и путинизам

Острастеноста не му е непозната на новинарството, било да се работи за политичка, идеолошка, партиска, па и лична. Но, кога таа острастеност преминува во бескрупулозно оцрнување на избраниот противник, тоа може да испадне и смешно. Посебно кога сакате да дисквалификувате некого со видео старо цели 15 години

Зошто медиумско описменување?

Медиумската индустрија нудејќи ни безброј производи кои ги посакуваме – производи кои се добри за нас – истата произведува и нуди штетни производи со кои по налог ја контаминира нашата култура, образецот на секојдневниот живот. Токму оваа медиумска неписменост ја замаглува таа можност за разликување на добрите од лошите производи

Пукање во вистината

Во „обландата“ на актуелната информација за изборот на новиот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, филувана е серија на невистини, конструкции, фалсификувани факти и обид за амнестија на учесниците на крвавите настани во собранието од 27 април минатата година

Светот не се врти кон Путин без оглед што го канат на свадби

„Светот се врти кон Путин“, како што претенциозно е насловен написот што го рецензираме, е кус и невешт обид да се напише вест за рубриката „Свет“, која би се темелела на наводни инсајдерски информации од неименувани германски новински извори за плановите на рускиот претседател Владимир Путин да биде гостин на уште една свадба на познат европски политичар. Но, иако кус, написот е полн со недоследности и може да се оцени како школски пример како не треба да се пишува во новинарството