Месец: м.г

Пукање во вистината

Во „обландата“ на актуелната информација за изборот на новиот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, филувана е серија на невистини, конструкции, фалсификувани факти и обид за амнестија на учесниците на крвавите настани во собранието од 27 април минатата година

Светот не се врти кон Путин без оглед што го канат на свадби

„Светот се врти кон Путин“, како што претенциозно е насловен написот што го рецензираме, е кус и невешт обид да се напише вест за рубриката „Свет“, која би се темелела на наводни инсајдерски информации од неименувани германски новински извори за плановите на рускиот претседател Владимир Путин да биде гостин на уште една свадба на познат европски политичар. Но, иако кус, написот е полн со недоследности и може да се оцени како школски пример како не треба да се пишува во новинарството

Твитер-бранови за сурф-мајсторите на професијата

  Атрактивните прес-конференции или настани се екстремно вирални. Тоа се брановите на кои сурфаат најголемите мајстори на професијата. „Твитер“ е совршената штица за суфање за тој предизвик.   Пишува: Зоран Бојаровски   Пред десет години, во март 2006 година, основачот на „Твитер“, Џек Дорси, го испрати својот прв твит. Замислена […]

Сомнителните работи треба да се проверат, не своеволно да се коментираат

Текстот кој го рецензираме наметнува прашања за наместен тендер во ЈП „Водовод и канализација“, но освен наметнатите прашања и дилеми, не нуди никакви одговори. Написот е нецелосен и тоа го прави и тендециозен

Невистина скриена во цвеќиња

Крајно злонамерна и неаргументирана критика упатена кон владата, со цел кај јавноста да се предизвика ефект на револт поради „нерационлно трошење“ на парите на граѓаните. Притоа, паушално се толкува одлуката за доделување тендер за хортикултурното уредувње и одржување на објектите и просторите кои се во рамките на државните објекти