Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Daily Archives: 27/09/2018

Демант, бездруго, мора да се објави

Текстот што го рецензираме, пренесува изјава на пратеничката Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ за наводно незаконско вработување во Централниот регистар. За овие тврдења, Централниот регистар испрати демант, кој медиумот не го објави.

Критики тон, извори ни за лек

Паничен опис на состојбата во АРМ, кој е многу застрашувачки и предупредувачки. „Македонија маршира кон НАТО, без тенкови и возила во кои не е сменето маслото, војниците се жедни и гладни, не се ни бањати, во касарните, прокиснуваат покривите“. Ваков текст, кој не е поткрепен ни со еден доказ и валиден извор, дека тоа што е напишано е вистина, кај граѓаните може да предизвика страв и загриженост дека Македоија е без војска, а со тоа е загрозена и нејзината безбедност

„Бојкотирам“ убедува со „позајмени“ видеа од ВМРО-ДПМНЕ

Пропагандното видео на иницијативата „Бојкотирам“, кое масовно се шири на социјалните мрежи, не е автентично, туку претставува краден микс. Тоа е составено од делови од видеа на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и видео од кампањата „Македонија вечна“

Политички памфлет за замајување на јавноста

Текстот кој е предмет на оваа рецензија повеќе служи за манипулација, а помалку за информирање на јавноста. Написот не содржи цврсти и проверени информации, односно целиот текст се потпира на чаршиски муабети