Месец: м.г

Читателите веруваат само кога новинарот употребил факти, а не претпоставки

Скриншот од веста што се рецензира Повикувањето на веројатност и лажната аналогија се два механизма за манипулирање на јавноста. Двата механизма го карактеризираат новинарскиот производ што го рецензираме. Повикувањето на веројатноста има цел да го убеди читателот дека нешто што може да се случи е аргумент оти истoтo мора да […]

„Црн петок“ нема апсолутно никаква врска со продажба на робови

Текстот кој е предмет на оваа проверка содржи неточни информации во врска со значењето на терминот „црн петок“, пласирајќи им на читателите лажна слика за овој ден

Новинарот не смее да суди, тој треба да информира

Текстот што го рецензираме му нуди на читателот информации добиени од „свои извори“, но таквите информации не се проверени од ниту една друга страна и поради тоа написот може да се квалификува како „рекла-кажала“ текст

Шпекулативен текст за продажба на општинско возило

Текстот што го рецензираме не нуди докази дека возилото кое било во сопственост на Општина Карпош, актуелниот градоначалник Стефан Богоев го продал на Владимир Николовски, лице за кое написот тврди дека било блиско до СДСМ, односно другар на Богоев. Во текстот нема ниту изјава од лицето, ниту пак став од Општина Карпош за продажба на службеното возило. Општина Карпош објави демант на оваа информација на официјалната страница на Општината, а истиот не е објавен во медиумот

Читателот треба да знае дека коментарите немаат место во вестите

Скриншот од веста што се рецензира Неопходно е новинарот да се „исклучи” од емоциите, личните оценки, коментари и ставови пред да седне да напише вест. Постојат случаи кога коментарите се користат за да се дополни некоја информација, можеби да ѝ се даде повеќе „шмек“ на веста, но тоа е погрешен […]