Ден: д.м.г

Новинарот не смее да суди, тој треба да информира

Текстот што го рецензираме му нуди на читателот информации добиени од „свои извори“, но таквите информации не се проверени од ниту една друга страна и поради тоа написот може да се квалификува како „рекла-кажала“ текст

Шпекулативен текст за продажба на општинско возило

Текстот што го рецензираме не нуди докази дека возилото кое било во сопственост на Општина Карпош, актуелниот градоначалник Стефан Богоев го продал на Владимир Николовски, лице за кое написот тврди дека било блиско до СДСМ, односно другар на Богоев. Во текстот нема ниту изјава од лицето, ниту пак став од Општина Карпош за продажба на службеното возило. Општина Карпош објави демант на оваа информација на официјалната страница на Општината, а истиот не е објавен во медиумот