Daily Archives: 21/12/2018
За економија што бележи раст не може да се каже дека крахира
Во насловот на текстот што го рецензираме се тврди дека „стопанството крахира“ за веднаш во првиот пасус да се каже дека „економскиот раст е незабележлив“. Ова е контрадикторно едно со друго. Стопанство кое „крахира“ не може да има економски раст. Па, макар и незабележлив. Стопанство кое крахира бележи пад.
Топ-5 дезинформации за бегството на Груевски
Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, кој една деценија владееше во Македонија, ја тестираше медиумската професионалност не само во Македонија, туку и во земјата каде што побегна – Унгарија, но и земјите кои му беа попатни станици до добивањето на унгарски азил. Голем број медиуми, во недостаток на официјални информации од институциите на јавноста ѝ сервираа написи, прилози, извештаи и анализи преполни со шпекулации, дезинформации и сензационализам