Daily Archives: 15/03/2019
ИНФОГРАФИК: Како се препознаваат лажните вести?
Овој инфографик содржи неколку правила и постапки, кои можете да ги спроведете за да откриете или барем да осознаете колку е веројатно написот што сте го прочитале да содржи лажна вест или не
Насловот треба да привлекува читатели, но не за сметка на вистината
Како што веста треба да биде веродостојна, истото се однесува и на насловот. И тој насловот треба да биде издржан и прецизен. Насловите имаат за цел да ги привлечат читателите и колку тие се поинтересни, толку повеќе го привлекуваат вниманието на јавноста кон статиите. Но, тоа секогаш треба да биде засновано на точна информација. Сензационалноста, како во случајов, не е во согласност со новинарските стандарди и критериуми за известување