Барајте аргументи во вестите и не го оправдувајте немањето на факти

За да се манипулира јавноста, во медиумите честопати ќе се сретнете со написи кои сакаат да ни докажат нешто со образложение дека нема аргументи за да се докаже спротивното од она што се тврди во текстот. Инаку, овој тип на манипулација се нарекува “повикување во отсуство на спротиставувачки аргумент”.

Оваа манипулација обично се користи кога новинарите имаат непроверена информација. Затоа, новинарот, нагласувајќи го недостигот на спротиставувачки аргумент, се обидува да ја постигне веродостојноста на она што го пласира како информација.

Линк до оригиналниот напис: “Владата ќе ја затвори Агенцијата за вработување на Македонија“

Датум и време на објавување: 13.12.2018

Датум на рецензија: 14.12.2018

Рецензент: Џенис Сулимани

Барајте факти ако ги немате

Написот што го рецензираме денес е конкретен пример за споменатата манипулација. Текстот започнува со “веста” уште во првата реченица. “Нема да има повеќе Агенција за вработување на Македонија”, и наместо да ја аргументира информацијата и да ја поткрепи со факти или официјални извори, новинарот информацијата ја оправдува со пишување дека Агенцијата за вработување нема информации за тоа.

„Од Агенцијата за вработување немаме никакви официјални информации дека наскоро оваа институција ќе биде затворена, ниту, пак, deka Бирото ќе ја преземе работата на Aгенцијата“.

Од погоре наведениот цитат, јавноста многу лесно може да констатира дека информациите во насловот и воведниот дел на текстот се неточни. Во текстот што го рецензираме, гледаме дека авторот со два извори се оправдува дека немаинформација за она што првично ја претставува како вест.

Принуди ги институциите да зборуваат, не го толкувај молчењето

Задача на новинарот е да ги искористи изворите за да ги провери фактите и да не очекува истите сами да се изјаснат, или, во најлош случај, како во конкретниот, да го толкува недостатокот на изјава како доказ за веста што ја пласира во јавноста.

Не се препорачува толкување на новинарот кога недостасуваат факти. Институциите треба да бидат отворени за медиумите, а новинарите треба да ги натераат да зборуваат кога е потребна проверка на некоја информација.

Јавноста треба да научи дека без проверка на фактите нема вест. Не се поткрепува веста со недостаток на спротиставувачки факти, без новинарот да истражува и да се обиде да ја контактира релевантната институција, по телефон, преку мејл или дури со директна изјава пред камера. Молчењето не се толкува како вистина, туку како недостаток на факти.