Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink
Home Едукативни написи

Едукативни написи

Медиумите не смеат да бидат дел од црната кампања

До локалните избори на кои ќе бираме градоначалници и совети на општините нè дели цело лето, кое освен што е најавено дека ќе биде долго и топло, ќе биде жешко и на политичката сцена. Официјалната кампања формално не е започната. Таа според Изборниот законик ќе стартува 20 дена пред одржувањето на изборите кои ќе се одржат во втората половина на октомври. Но, неофицијалната веќе киниса

Изненадувањето на ДУИ потона во море од шпекулации

Една нејасна изјава беше доволна за да предизвика море од шпекулации во медиумскиот простор. Најавата на ДУИ дека подготвуваат изненадување кое ќе го соопштат на нивниот роденден, за медиумите беше доволна причина да почнат на големо да нагаѓаат за што станува збор и какво е изненадувањето. Но, ниту еден медиум не погоди и не објави точна информација кое е изненадувањето на ДУИ. Напротив, се објавија тон невистини и шпекулации кои, како што подоцна се покажа, беа далеку од вистинската информација

Вистинска (раз)врска со теориите на заговори

Врската која постои меѓу верувачот и неговите теории на заговори изгледа јака и нераскинлива. Па сепак, како и секоја врска, така и таа не е имуна на мешање од трета страна. Успешното посредување, пак, подразбира добронамерност и извесна доза лична засегнатост, како и неограничени количества емпатичност, тактичност и дипломатичност. Тоа се вештини на комуникација, кои во време на пандемија важат за сите профили и професии што доаѓаат во контакт со верувачи во теории на заговори (и роднини и пријатели, и лекари и новинари)

Информациска вакцинација

Информацијата е како вирус. Кога пренесува невистини обложени со сензационализам, таа брзо се шири и го разјадува „здравото ткиво“ на системот. Кога пренесува факти лишени од конспиративност, таа тлее во симбиоза со своите „домаќини“ и ја „јакне функционалноста“ на општеството

Теории на заговори од пандемиски размери

Тековната пандемија која е одбележана со светска проширеност на новиот корона вирус, истовремено е придружена и со инфодемија, односно преплавеност од (дез)информации. Заедничка нишка на двата феномени се медицинските теории на заговори. Во случајов, тие се поврзани со ковид-19 и окупираат значаен дел од комуникацискиот простор. Очекувано, во пандемиски услови и теориите на заговори добиваат пандемиски размери. Се намножуваат различни верзии, се рашируваат низ цело население и навлегуваат во нашето секојдневие. Напоредно со зголемениот број приврзаници (кои во услови на пандемија трагаат по одговори), расте и бројот на посочувани заговорници (бидејќи во услови на инфодемија секој може да биде предмет на теории на заговори)