Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Едукативни написи

Фото: Википедија/Pixhere

Што е тоа „одмаздничко порно“ и какви последици носи со себе

„Одмаздничко порно“ (познато како revenge porn) претставува споделување во јавноста на туѓи приватни материјали (фотографии или видео) со сексуална содржина без согласност на личноста на која ѝ припаѓаат материјалите, а со цел засрамување и јадосување на таа личност. Најчесто споделувањето на сексуалните содржини оди со споделување лични информации и оцрнување на репутацијата на жртвата

Успехот на ракометниот клуб „Вардар“ извалкан со политика и навивачки говор на омраза

Ракометниот клуб „Вардар“ стана европски првак откако го победи „Веспрем“ во финалето на Лигата на шампиони во Келн. Но, овој голем спортски успех на клубот медиумите не го проследија само од спортски аспект, ставајќи акцент само на победата и успехот, туку повторно политиката ја замешаа таму каде што не ѝ е местото во спортот

Топ-5 дезинформации за претседателските избори

  Претседателските избори не останаа имуни на манипулации, дезинформации, шпекулации и ниски удари. Некои од дезинформациите беа искажани од самите претседателски кандидати и партиски лидери за време на митинзите, медиумските настапи и ТВ-соочувањата.   Како многупати досега,...

Самоубиствени игри: Сензационална најава за шуплива сторија

    Повеќе медиуми кај нас пишуваа за обиди за самоубиство на тинејџери од земјава, поврзани со сугестии примени по социјалните мрежи, дури и едно конкретно самоубиство што се става на сметка на играта „Синиот кит“,...

Известувањето за самоубиствата – професионално убиство на медиумите

Централното место во медиумскиот он-лајн простор последната недела го зазедоа вести поврзани со две самоубиства, од кои едно на јавна личност, а друго на лице кое не вршело никаква јавна функција. И во двата случаи насловите, но и содржината на вестите, беа преполни со сензационализам и непотребни детали за самоубиствата кои воопшто не се информации од јавен интерес. Најголем број од медиумите содржеа детали што се во спротивност на сите кодекси, етички правила и препораки за професионално известување при вакви случаи