Четири совети за граѓаните и новинарите при известување за екстремистички настани

 

Денеска е денот кога научивте дека, да, тоа може да се случи и тука. Како треба да се зборува за тоа на интернет и во медиумите?

 

Пишува: Џ. Нејтан Матиас

 

За вас, „тука“ може да биде соседството, факултетот или заедницата на интернет. Може да станува збор за демонстрации, чкртаници на врати и форуми на интернет или говор од некој што поддржува омраза.

Кога се случуваат вакви настани, новинарите и граѓаните понекогаш ме прашуваат како да известат и како да направат вест. Кога решавате што да објавите во моментов на интернет или како статија, најдобро би било да застанете малку и да размислите преку разговори со новинари и експерти за комуникација (на следните линкови можете да видите неколу лекции и истражувања за тоа: линк 1, линк 2, линк 3) и да прочитате некои извештаи како тој на Витни Филипс за најдобрите практики за известување за екстремисти, антагонисти и манипулатори (совети за редакции).

Но, можеби се случува денеска или да сте веќе таму, во метежот и се двоумите како да постапите. Еве 4 работи за кои треба да размислите.

 

  1. Екстремистите сакаат да пишувате за нив

Пред да објавите нешто, знајте дека екстремистичките групи сакаат да објавувате вести. Затоа пред да го сторите тоа, помислете што тие би сакале да објавите. Дејна Бојд дава свое видување за тактиката за манипулирање со медиумите: „Манипулаторите во медиумите имаат развиено стратегија од три дела, која се потпира на сегашната структура на медиумскиот екосистем“.

  1. Создавање спектакл преку користење на општестевените медиуми за вестите да добијат медиумска покриеност.
  2. Користење фрази што ги тераат новите делови од публиката да ве најдат на пребарувачите.
  3. Станување „дигитален маченик“ за да помогнете во радикализирањето на другите.

 

Значи пред да објавите, размислете дали вреди да се известува за тоа (погледнете ги советите на Витни Филипс за редакции како насока).

 

  1. Известувањето за насилство може да биде заразно, затоа целосно свртете го вниманието на фактите

Витни Филипс пишува дека: „репортерите и уредниците треба да гледаат на насилните антагонизми како заразни по природа, а при известувањето треба да ги имаат предвид најдобрите практики за известување за самоубиства, масовни убиства и тероризам, кои се познати како настани што предизвикуваат копирање содржини кога се известува за нив“. Еве дел од нејзините совети што ги приспособив за потребите на овој напис:

  • Сторијата треба да биде конкретно наменета за заедниците за кои станува збор
  • Конкретно наведете го бројот на учесниците, не користете нејасни именки во множина
  • Избегнувајте да ги барате/објавувате само најлошите изјави што ги наградуваат и засилуваат тие со најекстремистички погледи
  • Насочете го вниманието на резултатот од случката, а не на организаторите
  • Сведете ги сензационалистичкиот јазик и наслови на минимум
  • Намалете го претставувањето на екстремистите како антихерои
  • Не давајте повеќе информации за настан или за конкретниот напаѓач одошто е потребно, особено ако таквите информации служат како нацрт за преземање идни напади

 

  1. Имајте на ум како вашиот медиум може да биде искористен за да направи штета

Ако објавите фотографии, видеа или аудиозаписи, може да се очекува дека екстремистичките групи сакаат да ги ширите таквите материјали, кои подоцна може да ги симнат и да ги користат во своите кампањи. Она што го предлага Витни е следново:

  • Создавајте и објавувајте слики со огромна доза внимание, особено кога таквите слики го омаловажуваат човековото достоинство и содржат силни предрасуди
  • Реобјавувајте визуелни елементи и слогани што се користеле за време на конкретни напади со огромна доза внимание, осбено кога тие го омаловажуваат човековото достоинство и содржат силни предрасуди
  • Ставете текст и/или други информации за контекстот во самата слика за да не биде лесна мета за крадење и ширење од страна на манипулаторите
  • (Мој предлог) пред да објавите слики од случајни минувачи или контрапротестирачи со информации за нивниот идентитет, размислете за ризиците за тие лица

 

  1. Ставете го настанот во контекст и консултирајте се со експерти

Ако правите вест за екстремистички настан, прво информирајте се за контекстот и прашањата поврзани со тој настан. Витни предлага:

  • Бидете посебно темелни во врска со минатото на насилството, кое се базира на идентитет, и минатото на активистите што се бореле против истото
  • Во прв ред ставете ги гледиштата на експертите, особено кога тие нудат информации од историска гледна точка и/или кога предупредуваат за злоупотреби од страна на уредниците
  • Од  приказните што содржат или изгледа дека содржат штетни информации, репортерите не треба само да ги цитираат експертите, туку треба активно да ги консултираат тие што проучувале пропаганда водена преку компјутер и/или медиумска пропаганда и други форми на манипулација во медиумите

 

За авторот: Џ. Нејтан Матиас истражува во корист на јавниот интерес за пофер, побезбеден и поразбирлив интернет. Овој напис е објавен под лиценцата Криејтив комонс: Medium.com-Некомерцијално-Без измени 4.0.