Едукативни вебинари во рамките на „КриТинк“ наменети за пошироката јавност

Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со ЕВРОТИНК – центар за европски стратегии во текот на февруари организираат отворени јавни вебинари во рамките на активностите предвидени со проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“. Двата едукативни вебинара се со цел да се зголемат и да се унапредат капацитетите на граѓанските организации, но и на сите заинтересирани институции, индивидуалци и неформални групи, кои ги интересираат темите за медиумска писменост, комуникации, социјални медиуми.

Првиот вебинар е од затворен карактер и се однесува за грантистите од првиот грантов циклус кој се спроведува во рамки на проектот.

ВЕБИНАР 1

Наслов: Организирање настани

Краток опис: Потребни елементи за организирање настан; Време, локација и формат на настанот; Дистинкција помеѓу јавен и затворен настан; Алатки за промоција.

Датум: 6.2.2019

Обучувачи: Горан Лазаров и Виолета Глигороска

Потребни материјали: лап топ со интернет пристап

Во продолжение се сите информации за пријавување, следење и за учество на вебинарите.

——————————————————————————————————————————

За учество на првиот јавен КриТинк-вебинар на тема: „Промоција на социјални медиуми“ потребно е прво да се регистрирате со тоа што ќе ги пополните информациите на следниот линк: Registration URL – https://attendee.gotowebinar.com/register/4559060490001386508

На истиот линк директно ќе може да се приклучите на вебинарот. Кога ќе го активирате линкот втор пат ќе ви се појави popup прозорче, кое ќе побара од вас да го инсталирате софтверот gotowebinar, без кој не можете да присуствувате на настанот.

На крајот исто така програмата може да ви побара да внесете код, односно следниот webinar ID: 739-008-387

ВЕБИНАР 2

Наслов:  Промоција на социјални медиуми

Краток опис: Преглед на најефективните методи за интеракција со граѓаните преку социјалните медиуми, за промоција на медиумска писменост и критичко размислување.

Датум: 13.2.2019

Време: од 11 до 12 часот

Обучувачи: Филип Стојановски

Потребни материјали/алатки: лаптоп со интернет-пристап

———————————————————————————————————————————

За учество на вториот јавен КриТинк-вебинар на тема: „Медиумска писменост – Терминологија и наставни помагала“ потребно е прво да се регистрирате со тоа што ќе ги пополните информациите на следниот линк: Registration URL – https://attendee.gotowebinar.com/register/9103900599506622220

На истиот линк директно ќе може да се приклучите на вебинарот.

Кога ќе го активирате линкот втор пат ќе ви се појави popup прозорче, кое ќе побара од вас да го инсталирате софтверот gotowebinar, без кој не можете да присуствувате на настанот.

На крајот исто така програмата може да ви побара да внесете код, односно следниот webinar ID: 527-254-803

ВЕБИНАР 3

Наслов:  Медиумска писменост – Терминологија и наставни помагала

Краток опис: Дискусија за Прирачникот на медиумска писменост и едукативни вежби. Споделување на досегашните искуства од проектите.

Датум: 20.2.2019

Време: од 11 до 12 часот

Обучувачи: Филип Стојановски, Горан Лазаров и Виолета Глигороска

Потребни материјали/алатки: лаптоп со интернет-пристап