Фејсбук-новинарството не е новинарство

Со масовното користење на социјалните мрежи за комуникација почна и факторизацијата на лицата што не припаѓаат на ниту една област, ниту имаат некоја функција според која би биле „повикани“ да даваат изјави или коментари во политичката сфера. Така, еден куп поддржувачи на некоја политичка структура или, пак, противници на некоја друга политика објавуваат статуси на „Фејсбук“ или „Твитер“ за да ги коментираат политичките феномени. Но, не е проблематично тоа што се пишуваат статуси, туку што тие се пренесуваат како релевантни вести на интернет-медиумите.

 

 

 

Линк до оригиналниот напис: Бела „удира“ по Блерим Река

Датум на објавување: 11.3.2019

Датум на рецензија: 20.3.2019

Рецензент: Ферикан Илијази

 

 

 

Таков е случајот и со текстот што го рецензираме. Целиот, наводно информативен, текст е посветен на статусот на „Фејсбук“ на Валон Бела, кој покрај позицијата економски директор во гинеколошката болница во Скопје, каде што се скраси неодамна, нема друга политичка функција. Барем колку што ѝ е познато на јавноста.

 

Не трошете време со „вести” од статуси на „Фејсбук“!

Авторот на текстот го факторизирал Бела, давајќи му простор во категоријата „Вести“, да го критикува целиот електорат што ги поддржува политиките на Алијансата за Албанците и Беса, затоа што тие се поддржувачи на кандидатурата на професор Блерим Река за претседател.

„Не можеме да кажеме дека Села и Касами го имитираат Мендух и ДПА, бидејќи и Мендух Тачи имаше албански кандидат, но, за разлика од Села и Касами, беше од сопствените редови. Овие другите отидоа и извадија кандидат кој 17 години цицаше од дојката на ДУИ“ – пишува во текстот што го рецензираме.

Покрај тоа што авторот на статусот на „Фејсбук“ ги навредил партиите, отишол и подалеку, нарекувајќи го претседателскиот кандидат Блерим Река човек на ДУИ, за што не понудил никакви факти.

 

За читателите:  Фејсбук-новинарството не е новинарство!

Читатели, не мора да се замарате читајќи текстови или статуси од „Фејсбук“, кои некој медиум ги разубавува. Ако сакате да бидете информирани, и вие сте сигурно дел од големиот процент граѓани што го користат „Фејсбук“ така што со еден единствен клик имате сè пред вас. Но, дури и да не е така, не треба да земате сè, заедно со толкувањето од страна на авторот на текстот, бидејќи сами треба да извлечете заклучоци врз основа на вестите што ги читате и луѓето што ги познавате.