ИНФОГРАФИК: Како се препознаваат лажните вести?

Сте прочитале некоја вест или новинарски напис и се сомневате дека е неточен, односно дека авторот или медиумот се обидуваат да ви протурат лажна вест. Што можете да направите во таков случај за да не бидете измамени? Овој инфографик содржи неколку правила и постапки, кои можете да ги спроведете за да откриете или барем да осознаете колку е веројатно написот што сте го прочитале да содржи лажна вест или не. Најголем дел од предложените проверки можете да ги направите сами и сè што ви е потребно тоа е компјутер поврзан на интернет. Ова важи за сите проверки, освен за последната, која вклучува прашување експерт во оние ретки случаи кога се потребни специјализирани информации, кои тешко се наоѓаат и на интернет, или кои изискуваат познавање на стручна терминологија или на странски јазик. Но, тоа се ретки инстанци. Во најголем број случаи, следењето на другите правила и постапки од инфографикот се достаточни како помош во откривањето дали си имате работа со вистината или не.

Инфографикот го изработи: Гоце Арсовски