Информативна сесија во Куманово за повикот за мали грантови во рамките на проектот КриТинк

Денеска во општинските простории во Куманово се одржа петтата инфо сесија поврзана со шемата за грантови кои ќе ги доделуваат Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Евротинк – Центар за европски стратегии во рамките на проектот КриТинк.

Сесијата ја водеа Филип Стојановски и Христена Антовска – Јованчева од проектниот тим на КриТинк. Антовска – Јованчева говореше за проектот кој двете организации го спроведуваат за неговите генерални и специфични цели, времетраењето на проектот како и за планираните активности. Филип Стојановски даде вовед за грантовата шема, повикот за аплицирање роковите критериумите за аплицирање, легитимните активности, времетраењето начинот на финансирање и критериумите за селекција.

Информативниот документ во кој накратко е објаснет проектот и грантовата шема беше дистрибуиран за сите учесници.
На инфо сесијата присуствуваа претставници од локалните граѓански организации како и претставниците од локалните радио, ТВ станици и онлајн медиуми. Тие активно учествуваа во дискусијата која на крајот на средбата најмногу беше исполнет со прашања за објаснување на повикот за аплицирање на шемата за мали грантови за локалните ГО.
Настанот го следеа 20 претставници на локалната цивилна и медиумска заедница од Куманово.