Мислењата, коментарите, невистините – оптоварувања за психологијата на читателот!

Во предизборниот период, покрај кампањата што треба да се води подеднакво и под исти услови за сите натпреварувачи, политичките партии се натпреваруваат и за тоа да откријат што повеќе негативни работи за политичките противници, со цел да се соберат што е можно повеќе политички поени, односно, колку што е можно повеќе гласови. Поддржувачките медиуми на одредена политичка партија ги активираат сите механизми за да ги изнесат на виделина „маните“ на другата партија или да ги измислат. На овој начин, бројот на невистинити текстови, мислења и коментари на новинарите, кои ја преоптоваруваат психологијата на читателот, станува огромен.

 

Foto nga lajmi që recensohet
Слика од веста што се рецензира

Линк до оригиналниот напис: Дојдоа ли 5-те минути на Хазби Лика! Тетовското ДУИ со тотален бојкот на штабот за Пендаровски?!

Датум на објавување: 4.4.2019

Датум на рецензија: 22.4.2019

Рецензент: Ајнур Бафќари

Од самиот наслов на текстот што го рецензираме авторот отворил дилема, со која станува јасно дека целта на содржината не е информирање, туку само отворање други прашања. А содржината на текстот е опис на една атмосфера со големи дози коментари, кои не се поткрепени ниту со фотографии ниту со изјави. Новинарот употребил однапред создадена ситуација во рамките на една политичка партија, дозволувајќи да пишува и за емотивните искуства на партиските активисти на наведената партија.

 „Таму недостасуваше главната личност на ДУИ, Хазби Лика, заедно со многу други функционери од тетовскиот огранок, што уште повеќе ги демотивирало обичните членови на ДУИ да присуствуваат на отворањето на штабот на ДУИ за Пендаровски.
Се поставува прашањето дали дојдоа 5-те минути на Хазби Лика, откако се заедно лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и премиерот Заев
 – се вели во текстот.

 

Кога новинарот ја опишува емоционалната состојба на некој друг!

Покрај многубројните грешки во правописот, несоодветното распоредување на зборовите, недостигот на аргументи за она што го наведува, авторот на текстот ја мери желбата на активистите да учествуваат на митингот, а исто така обвинува и за уцени и одредени присилувања за кои нема никаква основа. Авторот, исто така, не разјаснува за какви „5 минути“ конкретно станува збор, и што значат тие „5 минути“.

 

Концептот на манипулација „ова се случува, бидејќи претходно се случиле X-работи”

Авторот се обидел да претстави нешто како вистинито врз основа на претпоставки. И тоа само затоа што врз основа на претходни настани, така требало да се случи и наредниот настан.

 

Во отсуство на аргументи, најверојатно читате измама.

Во предизборните периоди треба да бидете многу внимателни од каде ќе одберете да бидете информирани. Обидете се да ги препознаете текстовите што само го губат вашето време и имаат цел да влијаат врз вашето политичка убедување преку измама и празни текстови. Во текстовите што ги читате, пробајте да најдете аргументи, изјави од што повеќе страни, бидејќи во недостаток на аргументи, веројатно читате измама.