Морето во Паралија не е загадено

[Рецензија: Паралија личи на депонија: Водата во летувалиштето кое е омилено кај македонските туристи полна со ѓубре]

Текстот кој го рецензираме е невистинит, информацијата дека Паралија личи на депонија, не е точна.

Линк до оригиналниот напис: Паралија личи на депонија: Водата во летувалиштето кое е омилено кај македонските туристи полна со ѓубре

Датум и време на објавување: 09.07.2019

Датум на рецензирање: 12.07.2019

Рецензент: Ана Анастасовска

 

Во написот на самиот почеток се посочува дека Паралија е едно од омилените летувалишта на Македонците, но дека на социјалните мрежи се појавило видео, на кое наводно се гледа дека водата во Паралија која е екстремно загадена.

Во прилог на ова е објавено видео од Твитер корисник кој себеси се именува како Гaсер.

https://platform.twitter.com/widgets.js

По ова, написот наметнува дилема зошто е тоа така?

Не се знае која е причината, дали тоа е надојдената вода од ветришта или пак не функционира прочистителната станица па ѓубрето завршува во морето.

Но, ако добро се разгледаат коментарите под видеото на Твитер, ќе се види дека видеото не е од Паралија, туку од Диминиканската Република.

https://platform.twitter.com/widgets.js

Според тоа, може да се заклучи дека информацијата дека водата во Паралија е екстремно загадена, е неточна, а со тоа и самиот напис паѓа во вода.

Новинарите често наседнуваат на информации објавена на социјалните мрежи. Поради тоа, важно е да се напомене дека социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук, не се веродостоен извор на информации. Информациите објавени на социјалните мрежи мора многу убаво и претпазливо да се проверуваат пред медиумите да ги пласираат во јавноста, со цел да не се доведат како во случајов, да шират дезинформации.