Насловот не смее да го збуни читателот

 

Насловите мораат да бидат што подиректни, впечатливи, да го привлечат вниманието на читателите, но за жал сè почесто се двосмислени, збунувачки , нејасни …

 

Пишува: Александар Писарев

 

Независно дали се работи за портали или печатени медијуми евидентно е дека текстовите често се лошo опремени, а насловите збунувачки, предолги, манипулативни…  Насловот мора да биде информативен, експресивен и економичен и секако јасен, а не збунувачки. Природно е тој да се надоврзува на наднасловот, но може да биде и сам.

Во последното време вестите најчесто немаат наднаслов, а авторите се обидуваат во насловот практично да ја прераскажат целата вест , тоа е грешка.

Авторите забораваат дека насловот е реклама за текстот, привлечен излог кој читателот треба да го погледне и  тој да го повика  да го прочита текстот. Во последните децении насловот доживеал еволуција и по сè изгледа и понатаму ќе се менува. Посебно, во ерата на нови технологии медиумите се  затрупани со вести и затоа насловите мораат да бидат што подиректни, впечатливи, да го привлечат вниманието на читателите. За жал сè почесто се двосмислени, збунувачки , нејасни

Пропратни елементи на насловот се и наднасловот и поднасловот. Наднасловот може да ја лоцира веста и да придонесе за економичноста на насловот, односно да го скрати. А во поднасловот може посебно да биде извлечен дел од текстот и зависно од содржината да има и три-четири реченици. Меѓутоа има наслови во кои е прераскажана целата вест.

Насловот треба да привлекува внимание и да ја најави приказната за  барем на кратко го привлечат вниманието на читателите. При одредување на насловот новинарот треба да се стави во улога на читателот, треба да има  чувство за наслов,  да внимава на конструкцијата на реченицата и богатството на јазикот на кој пишува.

Насловот не треба да има повеќе од три – четири збора. Долгите наслови ги заморуваат читателите. Насловот не смее да  измислува, он мора да го одразува битието на информацијата.

Овој важен дел од опремата на текстот мора да биде прилагоден и на весникот за кој се пишува и на жанрот. Тонот  на насловот мора да биде ускладен со текстот. Ако е текстот сериозен и насловот мора да биде сериозен, ако е текст духовит, или со ведра содржина и насловот мора да биде таков. Ако треба да побуди емоции тогаш мора да го погоди читателот во „жица“.

Цитирањето на нечија изјава во самиот наслов е најчесто непотребно, а за жал станува многу омилена појава . Прекумерно користење на цитатите во насловот е последица, највероватно, на фактот дека е тоа наједноставен начин да се додје до наслов. Честата употреба на цитати во насловот  доведува до девалвација на моќта на цитатот. По правило, самата форма (две точки, наводници,  го упатуваат читателот  дека се работи за нешто многу важно, па разочарувањето е многу големо доколку тие очекувања не се исполнети.
Упорното инсистирање на сензационализам, е лошо и за насловите како и за текстовите, а најмногу за медиумите кои тоа го прават. Порано или покасно, таквата пракса доведува до ситуација во која насловот содржи нешто што го нема во текстот.