Не е вест информацијата со негативна тенденција проследена со „анонимен извор”

Критиката е неразделен дел од новинарското известување, но е соодветна кога има основа, кога е образложена, кога се откриваат факти… Во случајот на текстот што се анализира, местото на критиката е преземено од коментарите, селективните, па дури и невистинити податоци. Читателот треба да биде внимателен кога ќе наиде на такви тенденциозни вести.

Recension: Ina: Teuta Arifi kryekomunarja e parë shqiptare që “qeraset” prej Qeverisë

Линк до оригиналниот напис: Ина: Теута Арифи е првата албанска градоначалничка што се „части„ од страна на Владата

Датум и време на објавување: 06.12.2018

Датум на рецензија: 09.12.2018

Рецензент: Фатљуме Дервиши

 

Непобитни факти

Со ревизијата на буџетот за 2018 година, неискористените средства беа пренасочени за отплата на дел од долговите на општините. Евидентирано е на кои општини, колку проценти од нивниот долг, ќе им бидат покриени со средства од државниот буџет. Списокот на овие општини е јавен.

Примарни извори

Текстот е подготвен повикувајќи се на ставовите на анонимен извор од извршната власт.

Владините извори велат дека единствената општина со мнозинско албанско население во оваа група е општина Тетово. Овие извори велат дека општина Тетово и градоначалничката Теута Арифи се „загалени од страна на владата и премиерот, како таа да е СДСМ, а  не од ДУИ“.

“Општина Тетово е единствената општина на која владата и ги прифатила и долговите кон јавното комунално претпријатие или како што се нарекува „Комуналец„ – велат овие извори.

Без да има потреба од анонимни извори, авторот можел да се обрати до Владата за подетални информации. Всушност, да се каже дека „имал можност” не е ништо. Новинарот има должност да ги провери информациите што ги добива од извори од втора рака. Ова е основен принцип на неговата работа.

 

Кодекс на новинарите на Македонија

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информации кои се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.  Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.  Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Анонимниот „извор“ на авторот употребил коментари, велејќи дека „општина Тетово и градоначалничката Теута Арифи се „загалени“ од страна на владата и премиерот „како да е СДСМ, а  не од ДУИ“. Навистина, коментарите не се на новинарот, но дури и кога му се препишуваат на некој друг, треба да се внимава со нивното објавување, за да има непристрасност. Освен тоа, тенденциозна може да се смета и сликата со која е придружен текстот и насловот, каде што, исто така, има коментари.

 

Фактичка состојба

Долгот на Општина Тетово е околу 11,5 милиони евра, а не 15 милиони, како што пишува новинарот (врз основа на јавни соопштенија на општинските власти). Ова, новинарот можел лично да го потврди во Општината. Од реалниот долг, од средствата на државниот буџет, на Општина Тетово ќе и се отпишат само 51%, што значи помалку од 6 милиони евра, а не целиот долг, како што пишува авторот.

 

За читателите, внимателно, внимателно, внимателно!

На прв поглед, таквите наслови и информации привлекуваат внимание. Но, читателот треба да знае дека овие содржини, иако изгледаат како вести, не се вести. Нивната намера не е да информираат, туку (слободно може да се каже) да дезинформираат. Со многу малку напор, новинарот можел да го направи овој напис веродостоен и професионален. Доволно ќе беше да ги почитуваше гореспоменатите одредби. Да беа контактирани двете споменати институции, да се имаше во предвид ревизијата на буџетот и процентот на средства што им се доделуваат на општините.