Не може да има критика во една вест без да има докази

Никој не чита некоја вест за да го дознае мислењето на новинарот за неа. Вреднувањето на јавноста се гради врз информациите што таа ги добива за збиднување, поддржани од неколку извори на информации, но секогаш што е можно пообјективни. Во веста што ја рецензираме, нема докази, но има коментари и наводи.

Линк до оригиналниот напис: Министерот кој што штедеше на кафе, во Виена потроши 2400 евра

Датум и време на објавување: 05.1.2019

Датум на рецензија: 10.1.2019

Рецензент: Фатљуме Дервиши

 

 

Интересот за јавните трошења

Трошењето на функционерите, се разбира, се фокус на интерес за медиумите, бидејќи се работи за државни пари.

За овие трошоци и медиумите имаат одредена одговорност, затоа што треба да ги истражат и да ги објават потенцијалните злоупотреби. Многу или малку трошење, ова секогаш ги интересира даночните обврзници.

Не може да има критички вести без факти

Во овој текст, новинарот ги објавил трошоците на министерот за култура, Асаф Адеми, за време на официјалната посета на Виена. Но, дел од критиката е покриена со коментари од авторот на текстот. Меѓу другото, тој вели дека“Министерот за култура, кој се обиде да ги измами граѓаните дека штеди, прикажувајќи го периодот кога не бил министер…”

Ова е постара информација, но авторот не наведува дали побарал појаснувања за тоа што тој мисли дека министерот “измамил”.

Подолу авторот ги објаснува трошоците правејќи пресметка.

„Асаф Адеми, заедно со уште двајца други соработници, на концертот во Виена, потрошија 2.400 евра или по 800 евра по лице.  Овие трошоци биле за за дневници по 118 евра, за хотелско сместување по 420 евра , и за авионски билети по 262 евра за едно лице. Како што е наведено, другите трошоци, како што се ручеци, пијалаци и други работи, беа приватно покриени од министерот и неговите соработници.“

До тука, не се понудени никакви докази дека се злоупотребени државни пари. За да се утврди дали овие трошоци се многу или малку, требало да се направи поголема анализа, но новинарот не се потрудил да го направи тоа.

На крајот, авторот го користи просторот за да упати критики и за матичната политичка партија на Адеми. Освен тоа што и овој дел содржи коментари, не е цитиран по име ниту едне познавач на ова област како извор за да биде поубедливо тоа што се наведува во веста, иако се употребува зборот „познавачи“.

„Инаку, на Асаф Адеми, кој беше предложен од Африм Гаши, претседател на партијата БЕСА без печат, не му се слуша гласот, а според познавачите, Гаши со неговата партија како да се преточиле во СДСМ”.

Кодекс на новинарите на Македонија

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

 

Веста се разликува од коментарот

Читателот треба да биде внимателен со вакви вести, бидејќи може да биде манипулиран. Ако авторот сака да биде критичен кон некој министер, за кој што тој дознал дека „не му се слуша гласот” (читај: не работи колку што треба), тој треба да обезбеди доволно факти за тоа, за да поттикне зголемување на свеста и реакција од јавноста. Ако сака да покаже дека министерот ги злоупотребува парите на граѓаните надвор од нормите, тој треба да обезбеди податоци, да пресмета и да побара одговорност за тоа. Секој друг пристап, површен и  субјективен, кон овие информации, не е професионално информирање.