Оглас за ангажирање на соработници/автори на едукативни написи

Фондацијата за интернет и општество – „Метаморфозис“ за потребите на проектот со наслов Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк, кој се спроведува со поддршка од Европската Унија, објавува оглас за привремено ангажирање (хонорарна соработка) на соработници/автори на едукативни написи.

Соработниците/автори ќе бидат дел од тим, ќе треба да изработуваат написи чија цел е едукација на јавноста со:

– основите на медиумската писменост;

– развивањето на вештините на критичкото мислење;

– начините и методите за лесно и брзо препознавање дезинформации во медиумскиот простор и на социјалните мрежи.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат завршено студии од областа на новинарството, комуникологијата, педагогијата, правото или сродна област;
  • да имаат минимум 3 години работно искуство во полето на медиумите, комуникологијата, едукацијата (формално или неформално образование) или истражувачката работа на овие или сродни полиња;
  • да имаат аналитички способности;
  • добро да го владеат пишаниот македонски или албански литературен јазик.

Предност при изборот ќе имаат кандидатите што:

  • не се во работен однос во медиум од Македонија;
  • се членови на професионални здруженија што опфаќаат професионалци од медиумската, комуниколошката, едукативната или друга сродна сфера;
  • можат на професионално ниво да ги следат медиумите и професионална литература на македонски или на албански јазик.

Кандидатите треба да испратат кратка биографија и писмо за мотивација, како и линкови до 3 сопствени статии, скенирани објави или трудови, преку е-пошта на info[at]metamorphosis.org.mk.

“Метаморфозис“ овозможува еднакви можности и фер и непристрасен третман при ангажирање соработници, без разлика на нивната раса, боја, пол, етничко потекло, возраст, попреченост, политичка поврзаност, брачен статус или сексуална ориентација.

——————————————————————————————————————

Основна цел на проектот е да промовира медиумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање култура за критичко размислување, плурализам на мислења и демократски вредности.