Покана за учество на информативни сесии за конкурсот од Програмата за мали грантови на „КриТинк“

Во рамки на вториот циклус на програмата за мали грантови на КриТинк предвидени се 10 информативни сесии во 8 плански региони.

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк – Центар за европски стратегии“ се обраќаат до заинтересираните локални граѓански организации и медиуми со покана за учество на информативни сесии во врска со Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија.

Конкурсот за мали грантови е дел од вториот циклус на Програмата за мали грантови и е објавен на 1 јуни, а ќе биде отворен до 15 јули 2019 година.

Во рамките на вториот циклус е планирано да бидат доделени десет (10) гранта со износ од 6.000 до 7.000 евра, со кои ќе се поддржат проекти наменети за секој од 8-те плански региони на Република Северна Македонија, при што во еден регион може да биде доделен и повеќе од еден грант.

Детаљни информации за проектот и Програмата за мали грантови се достапни на веб-локациите на партнерите и на веб-локацијата на проектот http://crithink.mk/

Основна цел на проектот е да промовира медиумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.

Специфичните цели на проектот се:

  • Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности;
  • Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вклуќувајќи и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции;
  • Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување.

Со цел да ги приближат и да ги дообјаснат Програмата за мали грантови и самиот проект до сите заинтересирани, „Метаморфозис“ и „Евротинк“ организираат информативни сесии во 10 града од 8-те плански региони во Република Северна Македонија.

Точниот распоред на информативните сесии се во табелата:

Град Датум и час Локација на настан
Тетово 10.6.2019 г.; 11 ч НВО Лоја, ул. Илинденска бр. 18А
Гостивар 10.6.2019 г.; 14 ч Youth and Community Center – Gostivar, ул. Мајор Чеде Филипоски, бр. 158, Гостивар
Кичево 11.6.2019 г.; 11 ч Хотел „Кичево“
Струга 11.6.2019 г.; 15 ч Хотел „Дрим“
Битола 12.6.2019 г.; 11 ч Младински културен центар, Битола, ул. Цар Самуил бр. 29
Велес 12.6.2019 г.; 15 ч НВО центар, ул. Трајче Панов бр. 22
Куманово 13.6.2019 г.; 11 ч Општина Куманово
Штип 17.6.2019 г.; 11 ч Хотел „Оаза“
Струмица 17.6.2019 г.; 14 ч Центар на заедниците
Гевгелија 18.6.2019 г.; 11 ч Дом на културата, ул. 7ми Ноември бб, Гевгелија
Скопје 19.6.2019 г.; 11 ч Граѓански ресурсен центар, бул. Св. Кирил и Методиј, бр. 50 (во близина на ЕУ Инфоцентар)

Информации за одделните информативни сесии се достапни и во вид на најави за настани на „Фејсбук“.