Промоција на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“

Во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје се одржа воведен настан за проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој со поддршка од Европската Унија во наредните три години ќе го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Центарот за европски стратегии – Евротинк.

На средбата, на која присуствуваа претставници на граѓански организации, медиуми и на државни институции, тимот на проектот ги претстави основните елементи и го најави првиот повик за мали грантови кој ќе трае до 6 јули.

Во првиот циклус на програмата за мали грантови на „КриТинк“ планирано е да бидат доделени осум грантови, со кои ќе се поддржат проекти наменети за секој од 8-те плански региони.

Партнерите информираа дека на овој начин сакаат да се поттикне соработката во развојот на критичкото размислување и медиумската писменост во духот на отвореност и соработка помеѓу сите чинители и други заинтересирани страни.

Понатамошното презентирање беше со акцент на целите на проектот, активностите и елементите за зајакнување на меѓусебната соработка меѓу локалните ГО во областа на критичкото размислување и медиумската писменост.

Г-дин Филип Стојановски од Метаморфозис со претставување на целиот проект ги сумираше конкретните цели. Како што рече, конкретните цели на проектот се:

  • Да се поттикне култура на критичко размислување преку едукација на пошироката јавност за штетното влијание на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности;
  • Да се зголемат капацитетите на организациите на граѓанското општество (ГО) и медиумите за решавање на медиумските манипулации (вклучувајќи го говорот на омраза) преку подобрување на нивоата на медиумска писменост преку заеднички ангажман со државните институции;
  • Да се зголеми побарувачката на граѓаните за одговорни медиуми преку јавно образование, промоција на професионални стандарди и меѓународни практики кои ја штитат слободата на мислење и изразување

Горан Лазаров од Евротинк ја презентираше шемата за мали грантови преку која ќе бидат обезбедени 16 мали грантови за локалните ГО. Тој објасни дека целта на оваа активност е да се подобрат вештините на граѓанските организации и медиумските професионалци на локално ниво за да се препознаат и да се справат со манипулациите од медиумите преку обезбедување на грантови, менторства и обуки. Шемата за грантови ќе се реализира во два циклуса: првиот од 1 јуни, 2018 година до 31 март, 2019 година, а вториот од 1 јуни, 2019 година до 31 март 2020 година. Г-дин Лазаров изјави дека во секоја грант шема е предвидено додели 8 грантови кои ќе го поддржат проектот од секој од осумте плански региони во државата. Објаснувајќи ја детално шемата за грантови, г-дин Лазаров изјави дека потенцијалниот апликант може да биде само локални граѓански организации кои мора да имаат медиум како партнер во спроведувањето на предложениот проект посветен на медиумската писменост. Би сакале доколку ГО соработуваат со други образовни и јавни институции при спроведувањето на проектот. Крајниот рок за аплицирање во првиот круг е 6 јули 2018 година до 17 часот. Самата пријава треба да биде достапна само во рамките на пријавата која ќе биде на веб-страницата crtithink.mk. Спроведувањето на проектите треба да започне во септември 2018 година и времетраењето треба да изнесува 6 месеци, на пример: секој проект мора да заврши до 1-ви март 2019 година.

Лазаров информираше за листата на потенцијални акции кои би биле сметани за легитимни:

  • Продукција на содржини за јавно образование на интернет или со употреба на традиционални медиуми (радио, ТВ, печат) ;
  • Промоција на образовни содржини преку различни видови медиуми;
  • Зајакнување на информираната јавна дебата за теми кои влијаат врз медиумската писменост и критичкото размислување;
  • Ангажирање на граѓаните за зголемување на нивните барања за производство на висококвалитетни медиуми;
  • Градење на капацитетите на членовите на локалната заедница, вклучувајќи обуки, семинари, работилници, предавања итн ;
  • Онлајн промоција на медиумска писменост преку кратки видеа, банери и други мултимедијални содржини;
  • Овозможување на граѓаните да ги користат овластените јавни институции / регулаторни тела и тела за саморегулација во новинарството за изложување на медиумските манипулации;
    Стратешко користење на социјалните мрежи за да се постигне поширока или насочена публика, вклучувајќи и онлајн реклами;
  • Воспоставување на соработка и вмрежување помеѓу различни заинтересирани страни за застапување за медиумска писменост на локално и национално ниво.

Понатаму, беше објаснето дека методологијата за мали грантови е исто така дизајнирана како процес на учење и надградување за организациите кои добиваат грантови. Избраните кандидати во текот на целиот процес на имплементација ќе добијат каква било поддршка од проектниот тим.

Дополнително, беа објавени информации за распоредот за промоција и информирање на потенцијалните апликанти, кои се планирани да се случат во следните две недели во градовите низ Македонија во 8те плански региони:

11 ти јуни во Тетово

11ти јуни во Струга

12ти јуни во Битола

12ти јуни во Велес

13ти јуни во Куманово

14ти јуни во Штип

14ти јуни во Струмица

Настанот заврши по кратка дискусија со прашања и одговори од присутните за разјаснување на шемата за грантови.