Сериозните обвинувања мора сериозно да се проверат

 

[Рецензија: НЕМА ДА ГЛАСАМ ЗА СТЕВО: На снаа ми и бараа 1500 денари и 20 гласа за Пендаровски зошто ја вработиле]

 

Овој текст е едностран, неверодостоен и политички мотивиран со цел да се оцрни кандидатот на власта за претседателските избори, Стево Пендаровски.

Линк до оригиналниот напис: НЕМА ДА ГЛАСАМ ЗА СТЕВО: На снаа ми и бараа 1500 денари и 20 гласа за Пендаровски зошто ја вработиле

Датум и време на објавување: 29.4.2019

Датум на рецензирање: 3.5.2019

Рецензент: Ана Анастасовска

Текстот што го рецензираме содржи информации со кои се обвинува владејачката СДСМ дека уценувала и поткупувала гласачи за претседателските избори.

Прв круг гласав за Стево. Втор нема, снаа ми во Медицински центар Битола беше ycловена да плати 1500 ден за кампања и да гаpaнтира 20 гласа за сдсм. Оти тие ја вработиле. Ако ви требаат повеќе детали и докази, слободно контактирајте ме. Јас за ново ВМРО нема да гладам, стои во твитот кој е одговор на твитот на Радмила Шекеринска во кој твитерџиката со псевдоним Ема го обелоденува притиcoкот врз јавната администрација.

Ова се сериозни обвинувања, кои мора и сериозно да бидат проверени пред да ѝ се пласираат на јавноста. Не е доволно само да се преземе нечиј статус од социјалните мрежи и со него да се поентира и напаѓа. Тоа не доликува на професионален и одговорен новинарски пристап.

Во случајов, она што новинарот требал да го направи пред да го објави текстот, е да ја контактира личноста што го објавила статусот, бидејќи и самата напишала: „Ако ви требаат повеќе детали и доkaзи, слободно контактирајте ме“. Откако би ја контактирал посочената, новинарот би имал изјава од неа, можеби поткрепена со некаков доказ или факт.

Понатаму новинарот мора да ја побара и втората страна. Во случајов тоа е партијата СДСМ. Доколку личноста  што го објавила статусот на „Твитер“ пријавила некаде политички притисок и уцени, треба да се контактира и соодветната институција, да се побара став и оттаму.

Вака пренесен текстот не личи на ништо друго освен на политички памфлет, кој има цел да ја нападне владејачката СДСМ и нејзиниот кандидат за претседателските избори, Стево Пендаровски.