Ознака: бегство

Фотографија стара една година сервирана како Груевски на албанска граница

Фотографијата, која на јавноста ѝ се сервира како ексклузивна и за која се вели дека го покажува од осудениот поранешен премиер Никола Груевски на граничниот премин меѓу Албанија и Црна Гора при неговото бегство за Унгарија, е, всушност, најобичен принтскрин (стоп кадар) од видео клип направен пред речиси една година, на 21 декември 2017 година и нема врска со Груевски на граница

Шпекулации, лажни вести и сензационализам во информирањето за бегството на Груевски

Океан од шпекулации, дезинформации, лажни вести и непотврдени информации го одбележаа бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на двегодишна казна затвор во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес

Груевски од Тирана за Будимпешта побегна со „Малев“? Авиокомпанија која не лета од 2012 година?

Белградска „Политика“ денеска објави текст според кој поранешниот македонски премиер Никола Груевски и осуденик на двегодишна казна затвор побегнал во Унгарија откако ја преминал македонско-албанската граница со лажен пасош и потоа со првиот утрински лет од Тирана полетал за Будимпешта со унгарската компанија „Малев“. Написот е сосема неточен. Унгарскиот национален авиопревозник „Малев“ не лета уште од 3 февруари 2012 година, а повеќе не ни постои како фирма