Ознака: дезинформација

Вонземјани ја киднапираа точноста на веста

 [Рецензија: Професор тврди дека вонземјани киднапираат Бугари ] Текст објавен без никаква поента, наменет само за залажување на јавноста. Преку предизвикување страв, а истовремено со разгорување на љубопитноста на читателите, намерата е да се соберат кликови наместо суштински и точно да се информира. Линк до оригиналниот напис: Професор тврди дека […]

МАН дезинформира дека соработува со ЕФЈ и ИФЈ

[Рецензија: МАН: Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, без одлагање да се санкционираат насилниците ] Македонската асоцијација на новинари (МАН), во соопштението до јавноста, кое го пренесоа повеќе медиуми, а во кое го осудува нападот на новинарската екипа на Телевизија 21, меѓу другото, изнесе и една дезинформација. Соопштението навидум […]

Рециклираната (дез)информација не е вест

[Рецензија: Го стигна страшната судбина: Албанецот што кршеше крст на српски манастир почина во тешки маки ]   Текстот е стара рециклирана вест, реобјавена без поента, причина, логика, но и веродостојност. Со написот се прави навраќање на наводната смрт на некој човек чија етничка припадност неколкупати е експлицитно потенцирана. Станува […]

Кранот „ја дигна“ веродостојноста на веста

  [Рецензија: (ФОТО) Кран пред Владата, вечерва ќе се поставува таблата „Влада на Северна Македонија“ ] Написот шпекулира дека вадењето на буквите од написот „Влада на Република Македонија“ на зградата на Владата веднаш значи поставување табла со новото име „Влада на Северна Македонија“. Текстот е „зачинет“ со невистинити детали дека градежна […]

Исчезнатата девојка по која се трага на „Фејсбук“ не е од Шутка, туку од Србија

Во сензитивен момент, кога кружат непроверени информации дека во скопската населба Шуто Оризари се крадат деца, на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавува објава со фотографија за која се тврди дека на неа се наоѓа девојка од Шутка и дека таа девојка е украдена. Но, девојката нема никаква врска со Шуто Оризари