Ознака: дезинформации

Наслов што создава паника и служи само за кликови

Насловот на текстот што го рецензираме непотребнo шири паника меѓу граѓаните, бидејќи станува збор за вежба. Ги наведува читателите на погрешно толкување, како во Дебар да постои терористички напад, заради што службите се на терен

Топ-5 дезинформации за претседателските избори

  Претседателските избори не останаа имуни на манипулации, дезинформации, шпекулации и ниски удари. Некои од дезинформациите беа искажани од самите претседателски кандидати и партиски лидери за време на митинзите, медиумските настапи и ТВ-соочувањата.   Како многупати досега, и дел од медиумите се приклучи во валканата кампања и трка за што […]

Лажните дрва растат на плодна почва: „Скопското“, може да е турско, а може и не е

Пост на „Фејсбук“ објавен вчера, во кој се тврдеше дека со четири фотографии ја објаснува трагичната судбина на едно дрво во Скопје, односно дрвото на тревник пред зграда во пролет, есен и зима, а потоа градба на местото на кое било дрвото, за кратко време предизвика многу гневни реакции против „скопската […]

Не смее да се лицитира со бројот на жртвите во сообраќајката кај Ласкарци

Фото: Борче Поповски Трагичната несреќа, кога автобус излета од автопатот Скопје – Тетово при што загинаа 14 лица, беше шок и за јавноста и за новинарите што известуваа.  Во многубројните медиумски извештаи поврзани со сообраќајката беа направени неколку помали, но и поголеми грешки. Од желбата за побрзо, навремено известување на јавноста, […]

Тoп-5 дезинформации за СЈО во 2018

Од формирањето до денеска, Специјалното јавно обвинителство го следат купишта лажни вести, манипулации, дезинформации. Особено трите обвинителки, кои ги водеа прес конференциите во кои се најавуваа истрагите и обвинителните акти, на кои работеше ова обвинителство, беа постојана мета на обиди за лична дискредитација со написи чија цел е нарушување на нивниот углед