Ознака: Драган Тевдовски

Ако тврдите дека економијата тоне, треба да одговорите зошто

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи „тонењето на економијата“ не може да се доведе во корелација со задолжувањето, кое во текстот се однесува на aукција на државни хартии од вредност. Имено, станува збор за редовна активност на Министерството за финансии, согласно календарот за аукции објавен на нивната веб-страница. Министерството за финансии во однос на оваа aукција на државни хартии од вредност информираше дека запишани се 21,13 милиони евра, а 21,3 милиони евра ќе се вратат по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност и со тоа нето задолженоста на Влчадата по основ на државни хартии од вредност се намалува за 170 илјади евра

Дезинформацијата останува дезинформација и со прашалник на крај

Текстот што го рецензираме е контрадикторен, бидејќи во насловот под знак прашалник е ставена исплатата на пензиите, а подолу во самиот текст, во делот каде што се објаснува на што ќе се однесува предлог-ребалансот на буџетот, има цитат кој јасно вели дека се предвидени дополнителни средства за Фондот за пензиско осигурување со цел непречена исплата на пензиите