Ознака: економија

Како растот на БДП во четвртиот квартал лани стана фантастични 23,7 проценти

Загрижувачко при овој феномен, посебно кога се работи за медиумски содржини, е што се дезинформира јавноста. Имајќи предвид дека најголем дел од читателите ги читаат само насловите, без да ги отвораат текстовите, штетата од погрешната информација е дотолку поголема

За економија што бележи раст не може да се каже дека крахира

Во насловот на текстот што го рецензираме се тврди дека „стопанството крахира“ за веднаш во првиот пасус да се каже дека „економскиот раст е незабележлив“. Ова е контрадикторно едно со друго. Стопанство кое „крахира“ не може да има економски раст. Па, макар и незабележлив. Стопанство кое крахира бележи пад.

Ако тврдите дека економијата тоне, треба да одговорите зошто

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи „тонењето на економијата“ не може да се доведе во корелација со задолжувањето, кое во текстот се однесува на aукција на државни хартии од вредност. Имено, станува збор за редовна активност на Министерството за финансии, согласно календарот за аукции објавен на нивната веб-страница. Министерството за финансии во однос на оваа aукција на државни хартии од вредност информираше дека запишани се 21,13 милиони евра, а 21,3 милиони евра ќе се вратат по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност и со тоа нето задолженоста на Влчадата по основ на државни хартии од вредност се намалува за 170 илјади евра