Ознака: фалсификат

Не е вистина дека таблите со новото име се воопшто демолирани, а камоли од револт

Лажната вест дека на 11 февруари ќе почне поставувањето на таблите со името Република Северна Македонија на сите гранични премини и дека е веќе подготвена онаа која треба да биде поставена на преминот со Грција, Богородица-Евзони. Невистинитите вести од овој вид ги пренесоа неколку медиуми од слична политичка провениенција, од кои дел како извор наведуваат некаков грчки твитерџија по име Панос, без презиме. Кај некои портали веста е проследена со божемна неофицијална информација од владин извор дека таблата ќе биде поставена во текот на денешниот ден, нема прецизно време велат владини избори, но тоа ке се случува една по една на сите гранични премини во овие неколку денови.