Ознака: манипулација

Исчезнатата девојка по која се трага на „Фејсбук“ не е од Шутка, туку од Србија

Во сензитивен момент, кога кружат непроверени информации дека во скопската населба Шуто Оризари се крадат деца, на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавува објава со фотографија за која се тврди дека на неа се наоѓа девојка од Шутка и дека таа девојка е украдена. Но, девојката нема никаква врска со Шуто Оризари

Невистинито известување за нов германски закон за визи

Збунувачки напис што ја дезинформира јавноста и на читателската публика ѝ сервира погрешна слика дека е сменета процедурата за оние кои сакаат да ја напуштат Македонија и да работат во Германија

Барајте аргументи во вестите и не го оправдувајте немањето на факти

За да се манипулира јавноста, во медиумите честопати ќе се сретнете со написи кои сакаат да ни докажат нешто со образложение дека нема аргументи за да се докаже спротивното од она што се тврди во текстот. Инаку, овој тип на манипулација се нарекува “повикување во отсуство на спротиставувачки аргумент”. Оваа манипулација […]

Фотографија стара една година сервирана како Груевски на албанска граница

Фотографијата, која на јавноста ѝ се сервира како ексклузивна и за која се вели дека го покажува од осудениот поранешен премиер Никола Груевски на граничниот премин меѓу Албанија и Црна Гора при неговото бегство за Унгарија, е, всушност, најобичен принтскрин (стоп кадар) од видео клип направен пред речиси една година, на 21 декември 2017 година и нема врска со Груевски на граница

Заев и Орбан не можеле да се прават дека не се познаваат затоа што Орбан не бил таму

Написот тврди дека Заев и Орбан не се сретнале за да разговараат за Груевски на Самитот на шефовите на владите на Централно-европската иницијатива во Загреб „и покрај тоа што седеа на заедничка маса“. Ова е целосна манипулација и невистина. Двајцата премиери не можеле да седат на иста маса ниту да се прават дека не се познаваат од проста причина што унгарсиот премиер Виктор Орбан не ни бил присутен на настанот, а камоли да седи на истата маса со Заев