Ознака: медиумска писменост

„Не биди медиумска мета“ – студентите пренесуваат пораки како да се заштитиме од дезинформации

„Секој ден сè повеќе се зголемува бројот на медиуми кај нас, а секој ден сè повеќе се намалува бројот на новинари во вистинска смисла на зборот. Ова несериозност и недостатокот на регулација на медиумите ќе влијае за уште поголемо ширење на дезинформации во општеството“, беше пораката на студентот Филип Ѓоршовски од отсекот за новинарство на Правниот факултетот „Јустинијан Први“ за време на говорот на студентскиот хепенинг со мотото „Не биди медиумска мета“

Воведна средба со грантистите од програмата за мали грантови на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“

Во склоп на програмата за мали грантови од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, на 19.10.2018 (петок) во Граѓанскиот ресурсен центар, Скопје се одржа воведна средба за грантистите. Во рамки на средбата шесте грантисти од  шест различни плански региони во Македонија ги презентираа своите проекти […]

Промовиран проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, проект за медиумска писменост со грант шема

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис и Центарот за европски стратегии Евротинк, денеска го одржаа почетниот јавен настан (kick-off meeting) за проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој ќе се спроведува во наредните 3 години, со поддршка од Европската Унија. Целта на средбата е преку презентација на проектот да се поттикне […]