Ознака: Мила Царовска

„Мајка“ и „татко“ се единствените родителски одредници во македонските закони

Откако јавноста беше погрешно информирана, од Министерство за труд и социјална политика излегоа со демант. Но, веќе стопати повторената дезинформација (посебно на социјалните мрежи) стана вистина. Одредбата која, исто така, подлежеше на манипулации, односно дефиницијата за бракот, е утврдена во Законот за семејство, и таму нема промени за ова прашање. Останува дека „бракот е заедница меѓу маж и жена”

Никој нема право на свои факти: Тендер добиен преку е-аукција и во четири очи не е исто

Насловот на текстот што го рецензираме е сензационалистички и неточен. Во него се тврди дека „неформалниот сопруг на министерката Царовска добивал набавки во четири очи“, но компанијата МЕПСО, преку која тој, наводно, ги добивал тендерите, ја демантираше оваа вест. Од МЕПСО велат дека договорот бил склучен транспарентно согласно со Законот за јавни набавки.