Ознака: Никола Димитров

Веста не смее да биде холивудско сценарио без да има реални аргументи

Во веста што е предмет на oва рецензија, објавена од албанскиот „Топ Чанел“, се алудира дека актуелниот министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија, Никола Димитров, е агент на ЦИА. Веста понатаму додава и дека до ваквиот заклучок дошле домашните медиуми во Македонија. Но, за ваквото тврдење нема никаков линк или цитат или информација за кои тоа медиуми станува збор. Покрај тоа, вакво тврдење нема ни во објавените депеши на „Викиликс“

Оставката на Димитров требаше да биде проверена од најмалку два извора

Лажната информација за оставката на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, одекна како бомба во јавноста, имајќи предвид дека беше објавена еден ден по одржувањето на референдумот, на кој не беше постигнат цензусот и лесно можеше да се поверува во нејзината вистинитост