Ознака: поскапување

Насловот треба да привлекува читатели, но не за сметка на вистината

Како што веста треба да биде веродостојна, истото се однесува и на насловот. И тој насловот треба да биде издржан и прецизен. Насловите имаат за цел да ги привлечат читателите и колку тие се поинтересни, толку повеќе го привлекуваат вниманието на јавноста кон статиите. Но, тоа секогаш треба да биде засновано на точна информација. Сензационалноста, како во случајов, не е во согласност со новинарските стандарди и критериуми за известување

Градски и меѓуградски превоз не е исто

Во текстот постои недоследност. Најпрво се зборува за поскапување на меѓуградскиот превоз, а потоа темата се свртува на јавниот градскиот превоз, кој пак е доведен во корелација со проблемот со загадувањето. Изјавите на Еколошката организација и ставот од Владата кој се однесува на мерките што се преземаат во борбата со загадувањето, воопшто не можат да се доведат во врска со првиот дел од прилогот, а се однесува на поскапувањето на меѓуградскиот превоз