Ознака: протест

Повикот за протест против загадениот воздух е анонимен и не е пријавен во МВР

Протестот е најавен на Фејсбук под наслов „Канцерогено Општество Сабота 13:00 Пред Собрание“, но повторно не е јасно, кој стои зад овој креиран настан. Реакција за протестот чиј што организатор не е познат, има и од невладините организации и еко-активистите кои беа организатори на најмасовниот протест за чист воздух пред три години. Според нив, за организација на протест потребно е подготовка, најава на настан во МВР, мобилизација на активисти за информирање на населението, кое пак реагира на ваквиот тип на најава на настани