Ознака: шпекулација

Еднострано, коментаторско и неосновано фалење на Самсоненко

Целосно едностран текст, коментаторски напишан, полн со пофалби за Сергеј Самсоненко. Написот оддава впечаток дека е зготвен во ПР кујната на Самсоненко и ѝ е послужен на јавноста да го дегустира под превезот на новинарски текст

Нафрлени обвинувања и залепени етикети без став од засегнатата страна

[Рецензија: Во ЗНМ се плашат да реагираат “да не ги разбере погрешно” премиерот] Типичен коментаторски текст со нафрлени обвинувања и претпоставки за кои нема цврста основа, а истовремено никаде го нема ставот на засегнатата страна. Доколку одреден медиум, почувствува дека е прекршено некое новинарско право, може да го повика Здружението […]

Вонземјани ја киднапираа точноста на веста

 [Рецензија: Професор тврди дека вонземјани киднапираат Бугари ] Текст објавен без никаква поента, наменет само за залажување на јавноста. Преку предизвикување страв, а истовремено со разгорување на љубопитноста на читателите, намерата е да се соберат кликови наместо суштински и точно да се информира. Линк до оригиналниот напис: Професор тврди дека […]

Наслов што ја збунува наместо да ја информира јавноста

Текстот е дискутабилен и дава знаци на непрофесионалност уште со самиот наслов. Наслови кои поставуваат прашање треба да се одбегнуваат колку што е можно, затоа што вестите и другите новинарски продукти кои се објавуваат треба на јавноста да ѝ дадат одговор на некои прашања, а не обратно