Ознака: загадување

Повикот за протест против загадениот воздух е анонимен и не е пријавен во МВР

Протестот е најавен на Фејсбук под наслов „Канцерогено Општество Сабота 13:00 Пред Собрание“, но повторно не е јасно, кој стои зад овој креиран настан. Реакција за протестот чиј што организатор не е познат, има и од невладините организации и еко-активистите кои беа организатори на најмасовниот протест за чист воздух пред три години. Според нив, за организација на протест потребно е подготовка, најава на настан во МВР, мобилизација на активисти за информирање на населението, кое пак реагира на ваквиот тип на најава на настани

Нема место за шпекулации кога станува збор за здравјето на луѓето

Текстот што го рецензираме објaвува дезинформации и шири паника кај граѓаните, информирајќи дека во водата во Берово и дел од Скопје се пронајдени честички од ураниум. Веста беше демантирана и од надлежна институција, која требало да биде исконтактирана за да се проверат изнесените лажни тврдења