Турли-тава од фашизам, јакобизам и путинизам

 

[Рецензија: (ВИДЕО) ВАКОВ ОДВРАТЕН И ФАШИСТИЧКИ ГОВОР ДОСЕГА НЕ Е ЧУЕН : МАРТИН ЕНДЕК МОЖЕ ВОДА ДА МУ НОСИ НА ВМРОВЧЕТО ПУТИНИСТИЧКО, АПАСИЕВ ВО СЕЧЕЊЕ ГЛАВИ И ВО ПРСКАЊЕ КРВ ПО УЛИЦИ!]

 

Острастеноста не му е непозната на новинарството, било да се работи за политичка, идеолошка, партиска, па и лична. Но, кога таа острастеност преминува во бескрупулозно оцрнување на избраниот противник, тоа може да испадне и смешно. Посебно кога сакате да дисквалификувате некого со видео старо цели 15 години.

Линк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) ВАКОВ ОДВРАТЕН И ФАШИСТИЧКИ ГОВОР ДОСЕГА НЕ Е ЧУЕН : МАРТИН ЕНДЕК МОЖЕ ВОДА ДА МУ НОСИ НА ВМРОВЧЕТО ПУТИНИСТИЧКО, АПАСИЕВ ВО СЕЧЕЊЕ ГЛАВИ И ВО ПРСКАЊЕ КРВ ПО УЛИЦИ!

Датум и време на објавување: 27.08.2018 

Датум на рецензирање: 28.08.2018

Рецензент: Стојан Синадинов

Насловот на веста веќе нè „препарира“ дека Димитар Апасиев, еден од првенците на партијата Левица, одржал говор со досега невиден фашистички набој.

Самата вест, пак, и не е вест, бидејќи не содржи никаква информација каде и кога Апасиев го одржал тој „фамозен“ говор.

Слушнете го говорот од архивата на говорите на Димитар Апасиев, чујте кој фашистички говор е ова. Мартин Протугер може вода да му носи на ова фашистичко и психопатско вмровче.

Тоа што се наведува дека е од архивата на говорите на Апасиев не значи многу: можеби е од пред два-три дена, можеби од пред деценија-две.

И, ако малку пребарате, ќе видите дека се работи за говорот на Апасиев како студент, пред 15 години, на ораторската вечер „Иво Пухан“ на Правниот факултет во Скопје. Како што и ќе забележите дека не станува збор за авторски говор, ами за говор на лидерот на француската буржоаска револуција Максимилијан Роберспер. Така што, сето она што му се припишува на Апасиев, е всушност кажано од Робеспјер. Впрочем, токму самиот Апасиев пред неколку дена на неговиот фејсбук профил си го постирал „спорниот“ говор од тоа време.

Но, проблемот е што порталот „Народен глас“ измонтирал дел од „бомбите“ на СДСМ од 2015 во оригиналниот видео-запис што го постирал Апасиев.

Според порталот, испаѓа дека фашизмот е постар од јакобизмот на еден од водачите на француската буржоаска револуција, Максимилијан Робеспјер. Веста дискредитира еден актуелен македонски политичар, но со незнаењето буржоаската револуција добива и фашистички контекст.

А и малку од денес популарниот „путинизам“, како шлаг на тортата.