Завршна брифинг-средба со грантистите од програмата за мали грантови во рамките на проектот „КриТинк“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии организираат завршна брифинг-средба со грантистите од програмата за мали грантови на проектот „КриТинк“, кој се спроведува во текот на три години, со поддршка на Европската Унија.

Настанот ќе се одржи на 14 мај 2019 година (вторник) од 11 часот, во Граѓански ресурсен центар, бул. Св. Кирил и Методиј бр. 50, реон 7 (спроти НЛБ), Скопје.

Целта на средбата е преку презентација на спроведените проекти да се поттикне соработката на полето на развој на критичкото мислење и медиумската писменост во духот на отвореност и соработка на сите засегнати страни. При тоа, претставниците од шесте граѓански организации ќе ги претстават резултатите од спроведувањето на своите проекти; продуктите што произлегле од нив; научените лекции; и ќе ги презентираат можностите за идна соработка во оваа сфера меѓу локалните организации, медиумите, ГО и другите засегнати страни во реоните каде што се имплементираа проектите.

 

10:30 – 11:00 Прием на гости
11:00 – 12:30 Презентација на резултатите што произлегоа од проектите од програмата за мали грантови – брифинг со новинари

·         „Диверзити медиа“, Скопје – „Критичко размислување за активни граѓани“

·         ДРОМ, Куманово – „Младинска медиумска писменост“

·         ФОКУС, Велес – „Читај и меѓу редови“

·         ГАНИМЕД, Битола – „Тема за дилема“

·         МИЕС, Скопје – „Не биди медиумска мета“

·         „Медиа плус“, Штип – „Медиумски писмен граѓанин – за чест без стрес, најди ја вистинската вест“

 

Отворена дискусија

 

12:30 – 13:00 Кафе и освежување

Предвидено е настанот да трае еден и пол час, при што граѓанските организации, медиумите и другите поканети релевантни институции ќе имаат можност да остварат соработка меѓу заинтересираните страни за проширување на активностите во сферата на медиумската писменост.