Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink
Home 2018 септември

Monthly Archives: септември 2018

Ексклузивни шпекулации за манипулирање на јавноста

Текстот изнесува сериозни обвинувања, а притоа за доказ не нуди ништо. Иако во насловот стои прашалник, сепак во текстот никаде не е потенцирано дека станува збор за непотврдени информации

Злоупотребена фотографија

Текстот што го рецензираме е невистинит и тенденциозен, при што има намера да прикаже дека се издаваат лажни државјанства, се со цел референдумот на 30 септември да успее. Фотографијата во текстот, исто така, е злоупотребена од друг настан, а не како што се вели дека се „чека ред за државјанства“.

Секој човек има право на слобода на мислите, совеста и верата

Слободата на вероисповед и уверување и одвоеноста на верските заедници од државата се предмет на интерес на медиумите, меѓутоа, во медиумскиот опфат на оваа проблематика често не се воочуваат...

Неверојатно лесно премолчена вистина

Ова според сите критериуми е исклучително важна изјава на првиот човек на Обединетите нации, најважната меѓународна инстанца, кога е во прашање долгогодишниот спор кој Грција ѝ го имаше наметнато на Македонија во поглед на името на државата и несомнено ја има потребната тежина за да биде третирано како сензација, а доказ за тоа се и повеќе споделувања на овој напис на социјалните мрежи. Проблемот е во тоа што информацијата дека тоа Бан Ки мун го кажал во септември 2018 година, во очи референдумот е – лага

Зошто новинарите игнорираат системска дискриминација?

Обврската на новинарите и медиумите да ги заштитат поединците и групите од неправда и дискриминација, извршени од кој и да е, налагаше истражување и повикување на досегашните пресуди на...