Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink
Home 2018 ноември

Monthly Archives: ноември 2018

Стара вест рециклирана два пати во две години

еста дека Врховниот суд му ја укинал пресудата на поранешниот премиер Владо Бучковски и го вратил предметот за набавката на тенковски делови на повторно судење во Кривичниот суд е вест стара две години и веќе втор пат е рециклирана од медиумите и преставена во јавноста како нова

Градски и меѓуградски превоз не е исто

Во текстот постои недоследност. Најпрво се зборува за поскапување на меѓуградскиот превоз, а потоа темата се свртува на јавниот градскиот превоз, кој пак е доведен во корелација со проблемот со загадувањето. Изјавите на Еколошката организација и ставот од Владата кој се однесува на мерките што се преземаат во борбата со загадувањето, воопшто не можат да се доведат во врска со првиот дел од прилогот, а се однесува на поскапувањето на меѓуградскиот превоз

Пратеничкиот имунитет никого не заштитува од издржување казна затвор

Точно е дека на Груевски не му одземен имунитетот, но е невистина дека имунитетот го брани Груевски од издржување на казната затвор од две години

Наместо со факти текстот натежнува со коментари

  Текстот што го рецензираме повеќе наликува на коментар отколку на новинарски текст, но не е потпишан со име и презиме за да може да се третира како авторски коментар....

Груевски од Тирана за Будимпешта побегна со „Малев“? Авиокомпанија која не лета од 2012...

Белградска „Политика“ денеска објави текст според кој поранешниот македонски премиер Никола Груевски и осуденик на двегодишна казна затвор побегнал во Унгарија откако ја преминал македонско-албанската граница со лажен пасош и потоа со првиот утрински лет од Тирана полетал за Будимпешта со унгарската компанија „Малев“. Написот е сосема неточен. Унгарскиот национален авиопревозник „Малев“ не лета уште од 3 февруари 2012 година, а повеќе не ни постои како фирма