Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink
Home 2018

Yearly Archives: 2018

Веста не смее да биде холивудско сценарио без да има реални аргументи

Во веста што е предмет на oва рецензија, објавена од албанскиот „Топ Чанел“, се алудира дека актуелниот министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија, Никола Димитров, е агент на ЦИА. Веста понатаму додава и дека до ваквиот заклучок дошле домашните медиуми во Македонија. Но, за ваквото тврдење нема никаков линк или цитат или информација за кои тоа медиуми станува збор. Покрај тоа, вакво тврдење нема ни во објавените депеши на „Викиликс“

ТОП 5 најголеми манипулации во 2018 година за македонското членство во НАТО

  Аспирациите на Република Македонија за членство во НАТО претставуваат заложба и врвен стратешки приоритет уште од осамостојувањето на државата. Тие се постојан предмет на манипулации во јавноста и во...

За економија што бележи раст не може да се каже дека крахира

Во насловот на текстот што го рецензираме се тврди дека „стопанството крахира“ за веднаш во првиот пасус да се каже дека „економскиот раст е незабележлив“. Ова е контрадикторно едно со друго. Стопанство кое „крахира“ не може да има економски раст. Па, макар и незабележлив. Стопанство кое крахира бележи пад.

Топ-5 дезинформации за бегството на Груевски

Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, кој една деценија владееше во Македонија, ја тестираше медиумската професионалност не само во Македонија, туку и во земјата каде што побегна – Унгарија, но и земјите кои му беа попатни станици до добивањето на унгарски азил. Голем број медиуми, во недостаток на официјални информации од институциите на јавноста ѝ сервираа написи, прилози, извештаи и анализи преполни со шпекулации, дезинформации и сензационализам

Реобјавување стари вести како нови е форма на дезинформација

Текстот кој е предмет на оваа рецензија содржи вест стара една година, а се пласира како нова и актуелна