Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink
Home 2019 јануари

Monthly Archives: јануари 2019

PrivacyCamp.EU: Заштитата на дигиталните права бара сеопфатен и мултисекторски пристап

На 29.1.2019 г. тимот на Фондацијата „Метаморфозис“ учествуваше на конференцијата PrivacyCamp.EU, која се одржа во Брисел, пренесувајќи ги искуствата од Македонија поврзани со борбата против дезинформации во контекст на...

Исчезнатата девојка по која се трага на „Фејсбук“ не е од Шутка, туку од...

Во сензитивен момент, кога кружат непроверени информации дека во скопската населба Шуто Оризари се крадат деца, на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавува објава со фотографија за која се тврди дека на неа се наоѓа девојка од Шутка и дека таа девојка е украдена. Но, девојката нема никаква врска со Шуто Оризари

Вест што заслужува да биде демантирана

Веста што ја рецензираме не дава конкретни одговори за која жена станува збор, на која клиника се случил настанот, нема изјави од очевидци кои се спомнуваат во текстот, ниту, пак, роднини на починатата жена кои би го потврдиле случајот

Новинарот не смее да прејудицира вина

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е коментаторски во голем дел. Во него недостигаат суштинските информации. Наместо тоа, написот се повикува на фејсбук-статус и преку него  се тврди...

Задоцнето објаснување искористено за креирање лажна вест

Текстот веднаш започнува со прашање и одговор на министерот, без притоа да се даде вовед, за читателите да се информираат дека станува збор за новинарско прашање за неделното интервју на министерот Венко Филипче за Радио Слободна Европа. Ниту пак, написот информира дека Филипче на 10 јануари ја вакцинираше внуката Илина, од каде што произлегува и прашањето во посоченото интервју. Ниту тогаш, а ниту во интервјуто тој не спомнува дека внуката ја вакцинирал со МРП, за сега да глуми, како што се тврди во насловот