Барање за понуди за изработка на мобилна апликација

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ финансиран од Европската Унија имаат потреба од развој на мобилна апликација – едукативна игра за „Андроид“ и iOS-платформата.

Во функција на апликацијата – играта потребно е создавање веб-базиран административен дел со база на податоци преку кој ќе се управува играта. Спецификациите на играта се на следниот [линк].

Понудата треба да ги опфати следните елементи, при што ставките за изработка на верзии за „Андроид„ и iOS треба да бидат посебно назначени:

  • Финансиска понуда
  • План за реализација со временска рамка
  • Портфолио на претходни проекти од слична природа

Заинтересираните кандидати (правни и физички лица) треба да достават понуда по е-пошта на contact[at]crithink.mk. Лице за контакт Филип Нешкоски, тел. 075 495 305.

Рокот за пријавување е 30 ноември 2018 година.