Блерим Река не ја почна кампањата на Денот на лагата и со боите на ДУИ

Изборната кампања во Република Северна Македонија предизвикува медиумите да ја изгубат главната цел: точното, непристрасно и избалансирано информирање, бидејќи повеќето од нив ја презеле улогата на „портпарол на кандидатите” и на пекари каде што се печат „лажни вести“.

 

Foto schreenshot nga lajmi që recensohet
Фото: скриншот од текстот што се рецензира

 

 

Линк до оригиналниот напис: На Денот на лагите и со боите на ДУИ, Река ја започна претседателската трка

Датум на објавување: 1.4.2019

Датум на рецензија: 15.4.2019

Рецензент: Фатбарда Цури

 

 

 

 

Манипулирачки и искривувачки наслов

„На Денот на лагите и со боите на ДУИ, Река ја започна претседателската трка“ – ова е насловот на написот што го рецензираме. Насловот на веста не се совпаѓа со вистината, бидејќи претседателскиот кандидат не ја почна кампањата на „Денот на лагите“, тогаш кога ја почнаа и другите кандидати. Насловот, исто така, има елементи на присвојување на пропаганден материјал од кандидатот Река, бидејќи, според нив, тој ги користел боите на владејачката албанска партија, Демократската унија за интеграција (ДУИ). Но, ова не е вистина, Река користи три бои во својата пропаганда: жолта, сина и бела, додека ДУИ има само две: сина и бела боја.

Освен тоа, боите на Река се поврзани со еден од неговите слогани: ЕУРЕКА, што значи Река за ЕУ, Европската Унија, која има знаме со сина и бела боја.

 

Река не е кандидат на Алијансата и на БЕСА

„Поранешниот функционер на ДУИ, сега кандидат за претседател од страна на Алијансата и БЕСА, Блерим Река, се чини дека никако не може да се оддалечи од духот на ДУИ и одлучил во оваа кампања да ги користи боите и дизајните со кои се идентификува Демократската унија за интеграција, жолтата и сината“ – се вели во главата на рецензираната вест.

Искривувањето на фактите и присвојувањето на карактеристиките на кандидатот Река продолжило и во самата вест како, на пример: „Река се преставува како поранешен функционер на ДУИ, меѓутоа тој бил само амбасадор; Река се претставува како кандидат на Алијансата и БЕСА, меѓутоа тој е независен, но ја има поддршката од овие два политички субјекта;“

Река е претставен како „крадец“ на духот на ДУИ, како човек што го „искористува“ плоштадот Скендер-бег во Скопската чаршија, кој, според веста, е „еден од капиталните проекти на ДУИ“, но, бил изграден со буџетски средства.

 

Новинарот не треба да обвинува

„Овој потег личи на народната изрека дека волкот го менува влакното, но не и карактерот“ – се вели во рецензираниот текст.

Со ова, веста не е содржајна и не е сеопфатна, и освен тоа, содржи и обвинувања и коментари изразени преку народна изрека, која не е правилно цитирана и во нејзината оригинална форма. Во случај на вести што содржат информации со обвинувачки карактер, новинарот има обврска да даде референца за таквите изјави.

 

Концептот на манипулација затскриен зад „авторитет“ и „аргумент“

Уште од самиот наслов, па до крајот, веста е со цел да се повикува на „авторитетот“ со кој ги манипулирал читателите и да објави аргументи против Блерим Рек  за да го дискредитира и на тој начин да влијае врз ставот на гласачите.

Дискредитирањето на Река продолжило и со присвојувањето на неговите карактеристики од ДУИ.

 

За читателите: Не дозволувајте новинарите да ви ги коментираат кандидатите

Изборната кампања ќе открие многу аномалии во медиумите, но ваше е да знаете како да ги изберете медиумите и новинарите од кои ќе бидете информирани, па затоа не треба да им дозволите кандидатите, но и информациите да ви ги претстават како што сакаат, туку како што треба. Коментирањето не треба да го има во ниту една вест, па затоа не треба да го сметате како информација. Запомнете, една вест напишана со презир и обвинувачки јазик не е вест и нема цел да ве информира, туку да ве контаминира и да влијае на вашите политички убедувања.