Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Главни

Текст полн со шпекулации и навреди за градоначалникот на Ресен

Текстот е вулгарен, недоличен, полн со навреди и говор на омраза како за градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски , така и за уште неколку женски јавни личности за коишто се инсинуира дека имале „нешто“ со Гошаревски. Притоа, за ова нема никакви докази, нема извор на информацијата и нема ниту една потврда за изнесените заклучоци. Само се нафрлени имиња на лица кои се навредуваат на лична основа.

Присуството на Адеми на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ не значи распаѓање на ДУИ

Написот е целосно шпекулативен, базиран на полуинформации, без извори и повлекувала нелогични паралели. Не е јасно како е дојдено до заклучок дека посетата на поранешниот министер за образование и наука и сегашен пратеник од ДУИ, Арбер Адеми на прославата на ВМРО-ДПМНЕ значи распаѓање на неговата партија. За овие тврдења нема никаква официјална потврда, а преку вака конструираниот и плсиран текст јавноста намерно се доведува во заблуда да донесе погрешен заклучок

Конференција: Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со задоволство Ве информираат дека на 28 јуни 2021 година (понеделник) ќе се одржи конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“. Настанот ќе се одржи online преку...

Изненадувањето на ДУИ потона во море од шпекулации

Една нејасна изјава беше доволна за да предизвика море од шпекулации во медиумскиот простор. Најавата на ДУИ дека подготвуваат изненадување кое ќе го соопштат на нивниот роденден, за медиумите беше доволна причина да почнат на големо да нагаѓаат за што станува збор и какво е изненадувањето. Но, ниту еден медиум не погоди и не објави точна информација кое е изненадувањето на ДУИ. Напротив, се објавија тон невистини и шпекулации кои, како што подоцна се покажа, беа далеку од вистинската информација

Лага е дека Мерко ѝ се обратил на новинарката со вулгарни зборови

Написот што го рецензираме нема проблем со содржината, туку со насловот којшто има за цел да собере што е можно повеќе кликови. Насловот тврди дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ѝ упатил вулгарни зборови на новинарката од „Алфа“ телевизија. Но, тоа не е така. Во конкретниот случај,  намерно е избран наслов со недоличен тон и притоа на струшкиот градоначалник му се припишуваат вулгарности кои тој не ги кажал.