Најава за вебинар: Хуморот и сатирата како алатка за ширење на медиумска писменост
На 21.06.2021 од 11:00 до 12:00 часот
Во текот на изминатите 36 месеци во рамките на проектот КриТинк, Метаморфозис додели грантови и соработуваше со 17 локални/регионални граѓански организации за спроведување на проекти посветени на медиумската...
Најава за вебинар: Проверка на факти на содржини од „Фејсбук“
Од август 2020 година, порталот Вистиномер, како независен сајт за проверка на факти, соработува со Фејсбук на разоткривање и означување на дезинформациите што се објавуваат на оваа социјална мрежа. На овој вебинар членови на...
Вистинска (раз)врска со теориите на заговори
Врската која постои меѓу верувачот и неговите теории на заговори изгледа јака и нераскинлива. Па сепак, како и секоја врска, така и таа не е имуна на мешање од трета страна. Успешното посредување, пак, подразбира добронамерност и извесна доза лична засегнатост, како и неограничени количества емпатичност, тактичност и дипломатичност. Тоа се вештини на комуникација, кои во време на пандемија важат за сите профили и професии што доаѓаат во контакт со верувачи во теории на заговори (и роднини и пријатели, и лекари и новинари)
Информациска вакцинација
Информацијата е како вирус. Кога пренесува невистини обложени со сензационализам, таа брзо се шири и го разјадува „здравото ткиво“ на системот. Кога пренесува факти лишени од конспиративност, таа тлее во симбиоза со своите „домаќини“ и ја „јакне функционалноста“ на општеството
Теории на заговори од пандемиски размери
Тековната пандемија која е одбележана со светска проширеност на новиот корона вирус, истовремено е придружена и со инфодемија, односно преплавеност од (дез)информации. Заедничка нишка на двата феномени се медицинските теории на заговори. Во случајов, тие се поврзани со ковид-19 и окупираат значаен дел од комуникацискиот простор. Очекувано, во пандемиски услови и теориите на заговори добиваат пандемиски размери. Се намножуваат различни верзии, се рашируваат низ цело население и навлегуваат во нашето секојдневие. Напоредно со зголемениот број приврзаници (кои во услови на пандемија трагаат по одговори), расте и бројот на посочувани заговорници (бидејќи во услови на инфодемија секој може да биде предмет на теории на заговори)