Опасни теории на заговори
Во основата на секој заговор е вградена опасноста од некаква закана, но и реалната можност од нејзино остварување. Во штетните теории на заговори оваа закана може да послужи како појдовен импулс за почеток на мобилизација и масовна организација, кој би водел до разорен след на настани со штетни и несогледливи последици
Теории на заговор: Добар изговор, потрага по одговор или обид за разговор?
Конспиративните наративи претполагаат сложеност, а всушност се прости. Од збиената мрежа настани и поединци, по правило избиваат предвидливи шеми и обрасци: одделни или групирани моќници обично се посочувани како потајни злонамерници и главни виновници. Побудите за верување во теориите на заговори пак, се чинат предвидливи, но всушност се сложени. Тие служат да задоволат најразлични потреби: за опстанок (односно преживување), за увид и спознание (проживување) или припадност (дружење)
Теоријата на заговор како невидлив затвор
Фасада од надмоќ и супериорност, но длабоко утврдено чувство на помала вредност. Недоверба кон другите и непријателство кон системот, како израз на сопствената несигурност и невклопеност. Тоа е сплет од особини што може да го зачаури поединецот во затворени системи на верување
Медицинската сестра не ја блокира камерата при вакцинација на новинарката
Авторот на постот што го рецензираме се обидел да најде нешто негативно во јавната вакцинација на една албанска новинарка. Додека медицинската сестра ја извршува својата работа и ја вакцинира новинарката, авторот на написот невистинито тврди дека таа наводно се обидела да го скрие процесот на вакцинирање. Тој, исто така, споделува неточни информации за вакцината и нејзината безбедност.
Нема казни за лажно рекламирање на „чудотворни“ препарати против дијабетес, дебелина и хипертензија
Сè почесто на интернет гледаме лажни реклами, каде со манипулативен маркетинг се нудат препарати и суплементи кои неетички се претставени како да се ,,лекови” наменети за трите тивки но многу застапени болести во нашата земја: шеќерна болест, хипертензија односно висок крвен притисок и дебелината. Но, за жал, во врска со овие реклами истражните органи се со заврзани раце за да можат да делуваат